Loading Events

« Сите претстави

  • This event has passed.

Куршуми над Бродвеј

февруари 20 @ 20:00 - 22:25

„Куршуми над Бродвеј“, или приказна за моралните и реалните „убиства“ зад сцената, е драматуршка обработка и адаптација на Ненад Витанов на познатиот филм „Куршуми над Бродвеј“, напишан од генијалниот Вуди Ален и Даглас Мекграт. Филмот беше номиниран во седум категории за наградата „Оскар“, меѓу кои и за најдобро сценарио.

Огромниот успех на филмот во киносалите беше инспиративен за создавање и неколку адаптации за театар, од кои некои дури ја надминаа популарноста на оригиналното дело. Карактеристично за делата на Вуди Ален е тоа што преку забава ја доведуваат комедијата до најдлабоките филозофски теми. Често, низ призмата на иронијата и цинизмот, помешани со автобиографската невроза, Вуди Ален го пласира сопственото гледиште на одредени теми.

Оваа пиеса го истражува моралот на еден млад уметник, инспириран од ничеанскиот морал, каде што волјата за создавање уметничко дело не признава компромиси и конвенционални ограничувања. Уште на самиот почеток, група уметници, во нивните средби и бескрајни разговори за уметноста, го поставуваат клучното прашање: „Во зграда што гори, можете да спасите само едно нешто – обично човечко суштество или единствениот примерок на собраните дела на Шекспир?“.

Во краткиот опис на содржината на претставата, главниот лик е Дејвид, млад идеалистички настроен драмски писател, кој неодамна влегува во „големиот бизнис“ на создавање претстави. Тој очајно се обидува да најде театар кој ќе ја продуцира неговата најнова драма. Директорот на театарот, каде што ја поставил неговата последна драма со слаб успех кај критиката и публиката, добива неочекуван повик од локалниот мафијашки бос. Имено, мафијашот Ники сака да ја финансира претставата, но има само еден услов – неговата девојка и поранешна стриптизета, Оливија, да ја добие насловната улога. Дејвид склучува фаустовски пакт – ја продава својата душа за своето дело, со цел тоа да живее.

 

Купи карта

ДЕТАЛИ

  • Датум: февруари 20
  • Време:
    20:00 - 22:25

СЦЕНА

  • Голема сцена