- This event has passed.
Кафез кај кокони

Француската фарса „Кафез кај кокони“ ја има својата праизведба во февруари 1973 година во Париз. Мајсторски конструирана од познатиот актер и комичар Жан Пуаре како комедија на ситуации, забуни и карактери, ја освојува публиката на прв поглед и доживува над 2000 репризи. Игрив и забавен, но и храбро проткаен со сериозни теми дотогаш неприкажани на толку експлицитен и дрзок начин, текстот со хумор и леснотија задира во многу комплицирани теми: потребата за општествено прифаќање, сексуална слобода, избор во љубовта и потребата да се задржи личниот интегритет. Сместена во Сен Тропе, во веселите 70-ти, претставата „Кафез кај кокони“ покажува дека педесет години потоа, овие прашања се сѐ уште отворени и провоцираат дијалог низ истата структура на хумор, игривост и дрскост.
