Loading Events

« Сите претстави

  • This event has passed.

Животот на провинциските плејбои (гостува на фестивалот РУТА Љубљана, Словенија)

февруари 4 @ 19:00 - 20:30

„Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ е текст од раниот драмски опус на Душан Јовановиќ, напишан во формата на комедија дел’арте. „Плејбоите…“ се напишани во 1972 година, а првпат се изведени во Местно гледалишче љубљанско (МГЛ) една година подоцна. Напишани се во периодот на исклучително бурни меѓународни и регионални историски движења, во духот на „Сексуалната револуција“ и „Пролетта од 1968 година“, како и под влијание на околностите во тогашна Југославија на кои реагираа уметниците од најмладата генерација. Во нивните дела е присутен таканаречениот „лудизам“ – специфичен одговор на „тешките теми“ што ги отвори повоената генерација млади луѓе. Лудизмот се карактеризира со целосно отсуство на каква било потрага по смисла, одговори или решенија за егзистенцијалните тешкотии; тој повеќе ги прифаќа работите такви какви што се и, наместо да бара излез во дадените околности, дозволува настаните да се одвиваат низ „опуштена игра“. Сево ова важи и за „Плејбоите…“. Тоа е вителот на живата еротика, младост и незаузданата, вечно незаситна страст. Сепак, меѓу редови се насетува и една празнина, суета и егоизам на општеството што постојано трча по уживање. Денес, половина век по ‘68, суетата и бесцелноста остануваат актуелни, а им се придружуваат и трката по материјалниот статус, но и егзистенцијалниот страв. Претставата е четирипартитна копродукција на Драмски театар, Скопје (ДТС), Београдско драмско позориште (БДП), Местно гледалишче љубљанско (МГЛ) и „Град театар“, Будва.

 

Купи карта

ДЕТАЛИ

  • Датум: февруари 4
  • Време:
    19:00 - 20:30

СЦЕНА

  • Голема сцена