Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Delirium tremens

January 15 @ 20:00 - 21:00

„Delirium tremens“ или „Алкохолно труење“ е дијагноза која ја добиваат хронични алкохоличари помеѓу 48 и 72 часа од последната испиена чашка алкохол. Проследена е со тресење, дезориентација, па сѐ до халуцинации и стравови кои би можеле да го доведат субјектот во афектна состојба и да го направат опасен по себе и по околината.

За жал, иако еден од првите текстови на Благоја Ристески-Платнар, напишана осумдесеттите години од минатиот век, трагикомедијата „Delirium Tremens“ не ја дочека својата премиера на сцените, веројатно поради непопуларноста на монодрамата како жанр во тоа време, но никако не би требало да биде заборавена денес.

Уште на самиот почеток на текстот, авторот го загатнува „театарот во театар“, така што јунакот ни го претставува како сценски работник, кој случајно е тука и ни соопштува дека нема да има претстава, затоа што актерот кој треба да ја одигра претставата е во болница поради delirium tremens.

Така, приказната ја гледаме како низ едно скршено огледало, низ призмата на овој сценски работник, затоа што ситуацијата во којашто тој е затекнат е едноставна од една страна, но и генијална од друга страна затоа што уште со самиот почеток на претставата се поставува директен контакт и однос со публиката што ја прави претставата интерактивна, а публиката соучесник во сè што се случува на сцената.

 

Buy tickets

Details

  • Date: January 15
  • Time:
    20:00 - 21:00

Venue

  • Big Stage