- This event has passed.
TAJA TAJA TAJA TAJA

Перформансот „СамоТи(И)Ја“ претставува кореодрама која обработува универзална, силна и длабоко емотивна тема – вечната човечка потрага по љубов и припадност. Концептот на перформансот се развива околу идејата дека љубовта може да дојде прерано, предоцна, да ја одминеме без да ја препознаеме или да помислиме дека никогаш нема да се појави, сѐ додека најненадејно не нѐ допре во најнеочекуваната и најубавата форма.
Во рамките на перформансот се истражува односот помеѓу две личности кои постојано се трагаат меѓусебно низ различни физички, емоционални и инстинктивни форми. Посебен акцент е ставен на сетилното истражување – допир, поглед, мирис – при што мирисот станува првиот импулс, водилка што ги насочува ликовите во нивната потрага по другото „јас“.
Приказната е поставена во недефинирано време кое истовремено е минато, сегашно и идно, создавајќи сценски простор во кој моментот е „сега и засекогаш“. Тој временски круг ја нагласува нераскинливата врска помеѓу двата лика кои се во постојана потреба еден од друг, симболично претставени како две тела co едно неделиво срце.
