Често поставувани прашања

Дали театарот е достапен за инвалидски колички?

Да, театарот е прилагоден за лица со инвалидски колички.

Како да купам билет?

Билетите можете да ги купите на билетарата на театарот (готовина или картичка) или онлајн преку karti.com.mk со Visa, Mastercard или Diners.

Кој може да добие попуст?

Попуст има за пензионери, ученици/студенти и вработени во театарот. Цената на билетот за редовни претстави изнесува 250 денари.

Колку чини билет?

Билетите за редовни претстави изнесуваат 500 денари, за премиери 750 денари. Некои претстави и фестивалот „РУТА" имаат посебни цени.

Каде се одржуваат претставите?

Во главната сала на Драмскиот театар Скопје.

Дали има паркинг кај театарот?

Да, на располагање е јавен паркинг во близина на театарот.

Како можам да дознам за нови премиери?

Следете го календарот на претстави на официјалниот сајт или социјалните мрежи.

Scroll to Top