Loading Events

« Сите претстави

Фамилијата Адамс

март 19 @ 20:00 - 21:30

Фамилијата Адамс е „нормалното“ во ненормалното. Како светот да се претворил во една голема Фамилија Адамс, која секоја општествена и социјална ненормалност ја прифаќа и живее како нормална.

Овие добро препознатливи и ексцентрични ликови со мрачен хумор, сместени во т.н. гробница на светот (каде што се закопани нивните предци) – „танцуваат“ во својата нормалност, во своите вредности за живот и смрт. Овој мрачен дом на Фамилијата Адамс е светилиште каде што се слави смртта, но се слави и љубовта – тајната состојка со која опстојува династијата Адамс. Светилиште во кое и нормалните стануваат ненормални на свој начин.

Во денешниот свет, каде што секојдневието станува сѐ поголем хаос, Фамилијата Адамс е можеби симбол за издржливост. Тие остануваат цврсти во својата посветеност еден кон друг, незасегнати од тој надворешен хаос. И така сѐ до крај… сѐ до крајот на животот… а и потоа.

 

 

Купи карта

ДЕТАЛИ

  • Датум: март 19
  • Време:
    20:00 - 21:30

СЦЕНА

  • Голема сцена